Top Sport

Пресврт, драма, две продолженија и финале за Шпанија (Видео)

Марк Гасол и Рики Рубио и обезбедија финале на Шпанија на Светското првенство во Кина. Шпанците, светски шампиони од 2006 година, во исклучително драматичен натпревар, дури по две продолженија ја победија Австралија 95:88, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 71:71, а по првото продолжение беше 80:80.

Шпанците на искуство и на индивидуалниот квалитет на Рубио и Гасол успеаја да ги победата одличните Австралијци. Израмнетата борба во првата четвртина која заврши со поен предност за Шпанците, не навестуваше голема серија на Австралијците во вториот перид.

Во првите пет минути австралиската серија изнесуваше 11:2, а до полувремето Шпанците ја намалија предноста на противникот на пет поени.

Шпанците немаа водство во целата втора и трета четвртина, Австралијците делуваа сигурно, имаа во еден момент предност од 11 поени, но најчесто разлуката ја држеа на седум коша.

„Црвената фурија“ најави драма во последните три и пол минути, се доближија на два разлика, но „кенгурите“ го одбија тој налет.

Сепак во финишот нервите на Австралијците попуштија, направија премногу грешки во нападот, а Шпанците со поените на Гасол на 8,7 секунди до крајот го презедоа водството 71:70. Во наредниот напад Милс беше фалиран, но погоди едно слободно, а обидот на Рубио од пола терен заврши на обрачот.

Првото продолжение Шпанците го отворија со пет поени, Австрлијците возвратија, а потоа во финишот повторно драма. Гасол во финишот погоди две слободни фрлања, возврати Милс, последниот напад Шпанците го одиграа лошо, а Делеведова од тешка позиција не успеа да погоди.

Во второто продолжение заморот ги стигна Австралијците, а Шпанците го демонстрираа искуството. Љуљ, кој одигра просечен натпревар погоди две тројки, Шпанија за одлепи на осум поени и ја сочува предноста.

Марк Гасол одигра брилијантно (33 поени, 6 скока, 4 асистенции, 2 блокади), го следеше Рики Рубио (19 поени, 7 скока, 12 асистенции). Кај Австралија најдобри беа Пети Милс (32 поени, но и 7 загубени топки) и Ник Кеј (18 поени, 11 скока).

Во финалето Шпанија ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Аргентина и Франција (14 часот).

Scroll to Top