Top Sport

Бојан Дубљевиќ го засили рускиот Зенит

Црногорскиот центар Бојан Дубљевиќ е ново засилување за рускиот кошаркарски клуб Зенит. Тој потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување на соработката.

Дубљевиќ од 2012 година настапуваше за шпанскиот прволигаш Валенсија, а претходно во кариерата беше дел и од Ловќен и од Будуќност.

Со Валенсија тој освои два трофеи во Еврокупот, има една титула во шпанското првенство како и во шпанскиот Суперкуп.

 

Scroll to Top