Германија на светската и ја придодаде и европсата титула. Германија, вечерва во Рига ја победи Турција со 88:83 и по 1993 година повторно ја освои европската титула. Апсолутен херој на Германија, пред сите е Исак Бонга, а во завршницата капитенот Денис Шредер кој во последните 67 секунди постигна шест поени. Турците и во своето второ финале (првото го играа во 2001 година) не успеа да се искачи на врвот.
Германија стана четвртата репрезентација во историјата што истовремено е светски и европски шампион. Пред нив, тоа успеаја да го направат националните тимови на Југославија, Советскиот Сојуз и Шпанија.
Раритет е што Герменија со асистентот на селекторот Алекс Мумбру, Алан Ибрахимагиќ, успеа да дојде до златниот медал. Мумбру порад операција не посредно пред Европбаскетот, не го водеше тимот, туку седеше на клупата.
Финалето беше спектакуларно, вистински ролекостер, но впечатокот е дека Туција го контролираше натпреварот. По почетното водство 11:2 и враќањето на германија во натпреварот, Турците најчесто имаа предност од шест поени.
Титулата беше решена во последните 100 секунди. Ларкин додаде за 83:82, за да му одговори на Шрудер 83:84 на 67 секунди пред крајот. Шенгун промаши чист зицер, на споритвната страна Бонга фати офанзивниот скок, а Шрудер постигна кош преку Османи 18,9 секунди пред крајот за 86:83.
Турците имаа напад по тајм-аутот, Ларкин беше добро чуван, а Шенгун промаши тројка од тешка позиција, а 8 секунди пред крајот, Шрудер од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.
Исак Бонга беше најефикасен во германскиот тим со 20 поени (5/5 за тројки, 5 скока), Франц Вагнер додаде 18 (8 сккока), Шредер 16 имаше 16 поени и 12 асистенции, а голем придонез даде и Тристан Да Силва со 13 поени. Во Турција, Шенгун постигна 28 поени, Чеди Осман 23 (6/8 тројки). Ларкин 13 (9 ассистенции.
За најдобар играч на финалниот меч е прогласен Исак Бонга, а МВП на турнирот е Денис Шредер.
German basketball is mad sexy.#EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/SWIdwmBa92
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 14, 2025
Foto/ EPA