Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да го добијат директниот конкурент во борбата за опстанок, екипата на Борац Чачак. Гостите од Србија славеа во „јане Сандански“ со 73-81.
МЗТ не успеа да се одвои на две победи во однос на Борац, кој пред дуелот беше последен на табелата во АБА лигата. Скратената ротација, која е резултат на заминувањето на Магдевски и Ајви, му созададе многу проблеми на Ацо Петровиќ.
Борац имаше предност од 15 поени про првото полувреме (50:35). Во вториот дел МЗт се доближи на два поени (64:66), во 35 минута, но аеродромци немаа сили за комплетен пресврт.
Миќовиќ со 14 и Дамјан Стојановски со 13 поени беа најефикасните во таборот на аеродромци, додека Хејл кај победникот уфрли 22 кошеви.
Во следното коло МЗТ му гостува на Задар.
Фото/АБА лига