Top Sport

Босански кошаркар пронајден во бессознание и со скршен рбет

Азур Терзиќ (21), кошаркарот на КК Игман Бурча од Босна и Херцеговина, е тешко повреден во сè уште неразјаснети околности. Тој бил пронајден во бессознание со скршен рбет во близина на дискотека во Цазин.

Неговите клубови КК Игман и КК Бихаќ на Фејсбук ги објавија реакциите на неговото семејство кое тврди дека Азур без свест го пронашол магационер зад дискотеката. Откако биле побарани снимките од видео надзорот, им било кажано дека ниту една од камерите не работи. Терзиќ со тешки повреди итно е префрлен во клиника во Сараево.

Семејството на младиот кошаркар тврди дека се работи за обид за убиство.

Scroll to Top