Top Sport

Босна се откажа од АБА лигата

Кошаркарскиот клуб Босна донсе шокантна одлука да излезе од АБА лигата. Босна, ја освои АБА 2 лигата, со победата над Илирија во три натпревари, но клубот соопшто дека „дека нема соодветни услови за играње во највисокиот ранг на регионалниот караван“.

Се наведува дека клубот бил одбиен од две сали во Сараево каде што Босна сакала да игра натпревари, и дека нема соодветни технички услови што би можеле да го задоволат интересот на публиката. Се нагласува дека комуникацијата со раководството на салата била многу професионална, но тие поставиле пред Босна технички предуслови за исполнување на обврските на кои клубот не може да влијае.

Ова не е единствената причина што ја спречува Босна да биде во АБА лигата од следната сезона. Многу поголем проблем е што нема договор за буџетот за следната сезона, а како што веќе беше кажано одамна, прво беа најавени големи инвестиции.

Раководството на клубот наведува дека испратило голем број барања за спонзорство со цел да формира респектабилен буџет, но нема одговори, а со тоа и јасна слика за финансиите за следната сезона.

Одлуката на Босна е да игра само домашни натпреварувања во следната сезона, односно првенството на Босна и Херцеговина и Купот. Беше образложено дека Босна има право да се натпреварува во АБА 2 лигата, чија цел е пласман во повисок ранг. Сепак, клубот нема да игра во тоа натпреварување во следната натпреварувачка година бидејќи нема смисла повторно да се бори за влез во елитниот ранг на регионалниот караван, без никакви гаранции дека всушност ќе играат. Се нагласува дека акцентот ќе биде ставен на освојувањето на првенството, како и на развојот на помладите категории на клубот.

Ова веројатно значи дека Цибона ќе успее да опстане во АБА лигата, без оглед на фактот дека беше елиминирана во плејофот за опстанок од словенечка Илирија. Во среда го очекуваме собранието на АБА лигата, каде што ќе се донесат одлуки за иднината на натпреварувањето, а потоа ќе знаеме кои клубови ќе јсе натпреваруваат АБА лигата следната сезона.

Scroll to Top