Top Sport

Босна сепак ќе игра во АБА лигата

Само еден ден откако од Босна пристигна веста дека нема да играат во АБА лигата следната сезона, се случи (не)очекуван пресврт и политичка реакција.

Босна беше најдобра во АБА 2 лигата оваа година избори директен пласман во елитната група. Сепак, клубот, призна дека нема средства за да се натпреварува во АБА лигата.

Министерот за култура и спорт на кантонот Сараево, Кенан Магода изјави дека е постигнат договор, а на состанокот одржан во вторникот присуствуваше и премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.

Босна ќе добие финансиска помош од политичката елита и нема да игра во Скендерија – нејзин нов дом ќе биде салата Зетра.

„Крунската инвестиција од претходните две години беше освојувањето на АБА 2 лигата и пласманот во елитата. Денес, на инсистирање на премиерот Нермин Никшиќ, имавме успешен состанок во зградата на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и ги отстранивме сите сомнежи. Сомнежот беше спортската сала каде што ќе се играат натпреварите. Владата на кантонот Сараево одвои историска сума, а Владата на БиХ ќе го продолжи трендот преку компаниите што ги поседува. Босна сигурно ќе биде сериозен играч на регионалната кошаркарска сцена, ќе славиме и ќе тагуваме заедно“, изјави Магода.

Најавата дека Босна нема да игра во АБА лигата непријатно ги изненади не само навивачите, туку и институциите што силно го поддржуваа клубот. Меѓу нив беше и министерот Магода, кој веќе имаше договор вреден 1,2 милиони марки (600.000 евра) подготвен да го поддржи клубот во неговото враќање на регионалната сцена.

Следната сезона, АБА лигата би можела да има дури 20 екипи, но форматот на натпреварувањето сè уште не е официјално објавен, како и клубовите што ќе имаат можност да се натпреваруваат.

Scroll to Top