Top Sport

Бостон го преживеаја петтиот меч – Тејтум и Браун го урнаа Мајами

Мајами Хит не ја искористија првата меч топка за пласман во големото финале во НБА лигата. Во ноќта помеѓу петок и сабота Бостон Селтикс со 121:108 го добија петиот меч. Мајами сега водат во серијата со 3:2.

Бостон Селтикс со неверојатна серија 20:3 го решија прашањето на победникот. Селтикс предноста на Мајами 51:60 со серијата 20:3 во само неколку минути ја претворија во своја предност 81:63. Во тој период блескаа Маркус Смарт и Џејсон Тетјтум.

Тејтум постигна 31 поен (17 во третиот период) на кои придодаде 10 скока и 6 асистенции. Браун натпреварот го заврши со 28 поени.

Кај Мајами се истакна Горан Драгиќ со 23 поени.

Scroll to Top