Top Sport

Бостон ќе ја повлечат „петката“ на Кевин Гарнет (Видео)

Бостон Селтикс во чест на Кевин Гарнет ќе го повлечат дресот со бројот 5. Гарнет е дел од шампионскиот тим на славната франшиза кој во сезоната 2007/2008 ја освои титулата во НБА лигата.
Бостон низ историјата освоиле 17 шампионски титули, последната им ја донесе генерацијата предводена од Кевин гарнет, Пол Пирс и Реј Ален.

„Чест и задоволство ми претставува тоа што мојот број е пензиониран во Бостон. Секогаш ќе имам голема почит кон сосптвениците, генералниот менаџер Дени Ејнџ, тренерот Док Риверс, поранешните соиграчи и целата Селтикс-нација“, рекол Гарнет.

Еден од најдобрите крилни-центри во историјата на лигата во 2007 година од Минесота пристигна во Бостон. За Селтикс одиграл 396 натпревари, на кои во просек по натпревар бележел 15,7 поени, 8,3 скока, 2,7 асистенции, 1,2 украдени топки и една блокада.

Ко-сопственикот на Селтикс Вик Грусбек рекол дека Гарнет бил клучниот фактор во походот на титулата во 2008 година.

„Тој секогаш ќе биде мојот омилен Селтикс“, рекол Грунсбек.

Гарнет ја заврши кариерата во 2016 година во дресот на Бруклин Нетс. Тој е единствениот играч во историјата кој во кариерата бележел преку 25.000 поени, 10.000 скока, 5.000 асистенции, 1.500 украдени тпки и 1.500 блокади.

Исто така тој е единствениот што шест сезони во низа имал просек од најмалку 20 поени, 10 скока и пет асистенции.

Учествувал 15 пати на Ол стар натпреварите, а во 2004 година како играч на Минесота бил прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната.

Гарнет е најдобриот играч во историјата на Минесота поради што се очекува и Тимбервулс да го повлечат бројот 21 што го носел во оваа франшиза.

Scroll to Top