Барселона за наредната сезона сака внатрешната линија да ја засили со браќата Вили и Хуанчо Ернангомез.
Шпанските медиуми тврдат дека Вили Ернангомез, ианку поранешен играч на Реал Мадрид, позитивно одговорил на понудата од Каталонија. Реал може да и ги расипе плановите на Барселона само доколку ја изедначи понудата на Барселона.
Вили Ернангомез минатата година беше и МВП на Евробаскетот. Пред да се пресели во НБА лигата пет години играше за Реал.
Откако Вили ја прифатил понудата, Барселона му понудила договор и на неговиот брат Хуанчо. Засега тој не одговрил на понудата. Според шпанските медиуми, доколку Хуанчо ја одбие понудата, планот Б е искусниот Американец од Алба, Лук Сикма.
Браќата немаа добри сезони во НБА, Хуанчо играше за Торонто Репторс, 2,9 поени и 2,9 скока, додека Вили за Њу Орлеанс Пеликанс, каде бележеше по 6,9 поени и 4,7 скока.