Top Sport

Браќата Адетокумбо на Ол стар натпреварот

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои ќе настапат во саботната програма, на Ол стар викендот во Кливленд.

Осум играчи ќе настапат во натпреварот, во брзо шутирање тројки: Си Џеј Мекалум (Њу Орлеанс), Тре Јанг (Атланта), Зек Лавин (Чикаго), Дезмонд Бејн (Мемфис), Карл-Ентони Таунс (Минесота), Фред Ванвлит (Торонто), Лук Кенард (ЛА Клиперс) и Пети Милс (Бруклин).

Во најатрактивниот дел од Ол стра викендот, натпреварот во забивање, ќе се натпреваруваат: Тоскано Андерсон (Голден стејт), Кол Ентони (Орландо), Оби Топин (Њујорк) и Џејлен Грин (Хјустон).

Натпреварот во кошаркарски вештини оваа година ќе се одржи во нов формат. Ќе се натпреваруваат три тима со три члена. Едниот тим ќе биде составен од браќата Адетокумбо. Јанис и Танасис од Милвоки и Алекс кој игра во развојната лига за Репторс 905.

Домаќинот Кливленд ќе го прествуваат најдобрите играчи Џулиус Гарланд, Џерет Ален и Еван Мобли.,

Во екипата составена од дебитанти во НБА лигата ќе бидат Кејд Канингем (Детроит), Скоти Барнс (Торонто) и Џош Гидеј (Оклахома).

Scroll to Top