Top Sport

Браќата Гасол првпат во ист тим, и тоа во шампионски!?

Она што со денови се шпекулира по социјалните медиуми, наскоро би можело да добие епилог. Се поизвесно станува дека кошаркарските браќа По и Марк Гасол конечно ќе заиграат во иста екипа и тоа шампионска – ЛА Лејкерс.


Двајцата ги бранеа боите на Барселона и Мемфис Гризлис, Марк уште настапуваше и за шпанска Џирона и за Торонто Репторс, додека постариот брат беше дел од Чикаго, Сан Антонио и Милвоки Бакс.

По имаше големи проблеми со повредите, се уште не се знае каква е неговата здравствена состојба, а целата приказна ја лансираше најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс.


„По во Лејкерс? Можеби, ќе видиме, ќе видиме… Многу сум среќен што го гледам Марк во Лејкерси. Тој е голем НБА шампион. Освои прстен со Репторси, плус Марк има освоено и трофеј за најдобар дефанзивец на годината“ рече Џејмс.

По никогаш не ги криел емоциите што ги има кон „Езерџиите“, играше за оваа екипа од 2008 до 2014 година и освои шампионски прстен во тандем со Коби Брајант.

Scroll to Top