Top Sport

Братот на Морис му се закани на Јокиќ: Ќе ти вратам

Инцидентот на натпреварот Денвер Нагетс-Мајами Хит, во кој „главни“ актери беа Никола Јокиќ и Маркиф Морис, е главна тема во американските медиуми и по социјалните мрежи.

Морис направи неспортска лична врз Јокиќ, во финишот на натпреварот, кога Денвер ја имаа обезбедена победата. Центарот на Денвер, со нервозна реакција го турна Морис кој заврши на паркетот.

Веднаш настана мешаница на теренот, а лидеорт на Мајами, Џими Батлер, му викаше на Јокиќ да излезе надвор за да се пресмета со него.

Снимката која се појави на социјалните мрежи покажува зошто српскиот центар ги загуби нервите. Морис со коленото го удира Јокиќ во ногата, што можеби сугерира дека сакал да го повреди.

Јокиќ блескаше против Мајами со трипл-дабл од 25 поени, 15 скока и 10 асистенции.

На „Твитер“ се огласи и братот на Маркиф, Маркус Морис, кој го носи дресот на ЛА Клиперс.

„Чекаше мојот брат да ти го сврти грбот. Ќе ти вратам“.

Маркус Морис е „лошото момче“ на НБА лигата. Во 2015 година го нападна тренерот Џеф Хорнасек, кој не сакаше да го трејдува, а една година подоцна се степа со соиграчот Арчи Гудвин.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Fairy Tail (Dub) Episode 173

High School DxD Episode 5

anime freaks tv Attack on Titan Season 3 (Dub)

anime to watch One Piece (Dub)

AnimeFreak My Hero Academia Season 5

Scroll to Top