Top Sport

Браво момци! Епски камбек од -16 за победа над Италија!

Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски, стигнаа до фантастична 86778 (20:30, 21:22, 26:13, 20:13) победа над Италија во квалификациите за Евробаскетот во 2022, за да ги заддржат шансите за пласман на првенството, иако во првото полувреме губевме и со 16 поени разлика.

Сега за тимот на Александар Тодоров им треба „услуга“ од Русија во мечот со Естонија (16.00 часот), во кој „зборнаја“ треба да победи за да ги заддржиме шансите за пласман.

Против Италија имавме лошо прво полувреме, но во второто имавме фантастичен камбек за да стигнеме до победа над разочарувачките „аѕури“. Димитријевиќ заврши со 22 поени, Магдевски стигна до 20, а Војдан Стојановски до 16, додека кај Италијанците Марко Спису беше најефикасен со 17 поени.

 

Scroll to Top