Бредли Бил започна преговори со Вашингтон Визардс за потенцијален трејд во друг тим.
Бил е единствениот играч во НБА кој има анти-трејд клаузула во неговиот петгодишен договор од 251 долари. Договорот го потпиша минатата година.
Бил и покрај калузулата што ја има во договорот е заинтересиран да си замине, сака да игра во конкурентен тим, а Визардс размислуваат да тргнат со реконструкција на постоечкиот тим.
Веќе има интерес од неколку тимови, па Визардс, Бил и неговите претставници почнаа преговори за соодветна опција, доколку Вашингтон одлучи да започне со реконструкција на тимот.
Преодниот рок започнува на 1 јули, а се очекува забрзана работа на договорот, што ќе му овозможи на Бил да го контролира изборот на следната дестинација, а Вашингтон да добие соодветна компензација.
Важен фактор е ситуацијата со Кајл Кузма и Кристапс Порзингис кои имаат опција да станат неограничени слободни агенти ова лето, што секако ќе влијае на одлуката на Визардс во врска со Бил.
Бил ја помина целата своја НБА кариера, 11 сезони, со Визардс. Во претходната сезона поради проблеми со повреди одигра 50 натпревари и имаше просек од 23,2 поени со 51 отсто шут од поле. Тој има просек во кариерата од 22,1 поени.
Филаделфија, Милвоки Бакс и финалистот Мајами Хит се меѓу тимовите, кои наводно се заинтересирани за Бил.