Top Sport

Брејк на Бруклин во Филаделфија (Видео)

Кошаркарите на Бруклин Нетс направија брејк во првиот меч против Филаделфија, со победата 111:102. Со овој натпревар започна плејофот во НБА лигата.

Филаделфија со тројца расположени играчи не успеа да им се спротивстави на Бруклин кои со самиот пласман во разигрувањето направија големо изненадување.

Џими Батлер одигра брилијантен меч за Филалделфија постигна 36 поени од кои 23 во првиот дел. Џоел Ембид кој се мачи со повредата имаше учинок од 22 поени и 15 скока, а Боба Марјанович за 15 минута забележа 13 поени, 3 скока и 4 асистенции.

Бруклин го предводеше тандемот Дианџело расел – Крис Лаверт, тие искомбинираа 49 поени, а одличен учинок од 12 поени и 16 скока имаше Ед Дејвис.

Scroll to Top