Top Sport

Кари и шампионите тргнаа моќно во бурен меч против Клиперс (видео)

Стеф Кари имаше 38 поени и 15 скока во историски меч за Голден стејт вориорс, кои ја отворија одбраната на НБА титулата со 121:104 победа над Лос Анџелес клиперс во првото коло од плеј-офот.

Дуелот на двата ривали од Пацифик дивизијата донесе исклучувања за Кевин Дурент од Вориорс и Патрик Беверли од Клиперс, откако двајцата добија по втора техничка грешка за вербална пресметка во средината на втората четвртина.

Кари имаше 8-од-12 за тројки во вечер во која го помина Реј Ален (385) со својата 386-та тројка во плеј-офот.

Седмите носители Сан Антонио спарс пак, ги изненадија Денвер на гости со 101:96 победа, предводени од Демар Розан (18 поени и 12 скока) и Дерик Вајт (16 поени). Никола Јокиќ имаше 10 поени, 14 скока и 14 асистенции за трипл-дабл учинок во својот прв плеј-оф натпревар за Денвер.

Ди Џеј Огастин ги постигна последните пет поени од натпреварот вклучувајќи тројка на 3.4 секунди пред крајот за Орландо да ги изненади Торонто со 104:101 во првиот меч од финалето на Истокот. Меџик, кои се седми носители на Истокот, стигнаа до својата прва победа во плеј-офот од 2012 година. Кавај Ленард имаше 4 поени во низа за Репторс да стигнат до 101:99 водство на 1:02 пред крајот.

НБА ПЛЕЈ-ОФ

(1:0) Голден стејт – Л.А. Клиперс 121:104

(0:1) Денвер – Сан Антонио 96:101

(0:1) Торонто – Орландо 101:104

(0:1) Филаделфија – Бруклин 102:111

Scroll to Top