Чикаго Булс израмнија на 1:1 во серијата со Милвоки, Бостон води 2:0 против Бруклин, а Филаделфија ја забележа и третата победа над Торонто.
Втората победа на Чикаго Булс над Милвоки Бакс во последните 19 натпревари и донесе брејк и 1:1 во плејоф серијата. Бакс немаа решение за Демар Дерозан кој ги предводеше Булс со 41 поен. Во победата 114:110, покрај Дерозан, кај Булс се истакнаа Никола Вучевиќ (24 поени, 13 скока и Зек Лавин (20 поени).
Најефикасен во редовите на Милвоки беше Јанис Адетокумбо со 33 поени, 18 скока и девет асистенции. Гркот стана најдобриот стрелец на Милвоки во плејофот, 1.715 поени. На вечната листа го мина Карим-Абдул Џабар, 1.692 поени.
Брук Лопез уфрли 25, Крис Мидлтон 16, а Џру Холидеј 15 поени.
Бостон Селтикс ја забележаа втората победа против Бруклин Нетс. За разлика од првиот меч, кога Џејсон Тејтум погоди за победа со звукот на сирената, овој пат Селтикс нешто полесно дојдоа до победата.
Селтикс со тимска игра го добија натпреварот. Само еден од играчите кои добија шанса постигна помалку од 10 поени. Џејлен Браун беше најефикасен со 22 поени, Џејсон Тејтум постигна 19, на кои придодаде шест скока и 10 асистенции.
Кај Бруклн, Кевин Дурент реализираше 27 поени, но погоди само четири од 17 шутеви од игра. Кеј Ди од линијата за слободни пстигна 18 поени.
Филаделфија една победа ја дели од пласман во наредната рунда. Третиот меч од серијата со Торонто, кошаркарите на Филаделфија од добија во продолжението со 104:101.
Блескаше Џоел Ембид кој постигна 18 поени во последната четвртина, а натпреварот го заврши со 33 поени и 13 скока. Тајрис Мекси и Џејмс Харден постигнаа по 19 поени.
О Џеј Ануоби го предводеше Торонто со 26 поени.