Top Sport

Брејк на Лејкерси, дебакл на Бостон во Бруклин

ЛА Лејкерси го израмнија резултатот во серијата со Финикс Санс на 1-1, додека Бруклин Нетс, со уште една убедлива победа над Бостон Селтикс, водат во оваа серија со 2-0.

Лејкерси, успеаја да направат брејк во Финикс со победата 109:102. Ентони Дејвис се истакна со 34 поени, 10 скока и седум асистенции. Крилниот центар на Лејкерси на овој меч шутна 21 слободно фрлање.

За споредба, Леброн Џејмс, Денис Шрудер и Андре Драмонд, заедно на линијата за слободни фрлања беа осум пати.

Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени, Шрудер постигна 24, а Драмнод 15, на кои придодаде 12 скокови. Интересно, Драмонд ја забележа првата победа во плејофот, претходно, со тимовите во кои настапувал имал девет порази.

Девин Букер, со лош процент на реализиција, се исткна кај Санс, постигна 31 поен, дабл-дабл забележа 22 поени и 10 скока.

Бруклин Нетс, според планот, ја забележаа и втортата победа на домашен терен. Нетс ги декласираа Бостон Селтикс со 130:108.

Кевин Дурент постигна 26 поени, поен повеќе од Џо Херис, 20 поени уфрли Џејмс Харден. Најефикасен кај Бостон беше Маркус Смарт со 19 поени.

Scroll to Top