Top Sport

Брејк на Њу Орлеанс во Финикс

Њу Орлеанс Пеликанс направија брејк во Финикс, Мемфис го изедначи резултатот во серијата со Минесота, а Мајами води 2-0 во серијата против Атланта.

Њу Орлеанс предводени од брилијантниот Брендон Инграм славеа во Финикс со 125:114. Асистенција му недостигаше на Инграм за трип-дабл. Натпреварот го заврши со 37 поени, 11 скока и девет асистенции. Си Џеј Мекалум додаде 23 поени.

Њу Орлеанс по пауза од четири години победија на теренот во Финикс.

Кај Финикс се истакна Девин Букер со 31 поен. Најдобриот играч на Санс, мечот го заврши на крајот од третата четвртина поради повреда на тетивата.

Мемфис ја декласираа Минесота со 124:96 и изедначија на 1:1. Џа Морент постигна 23 поени, имаше и 10 скока и девет асистенции. По 16 поени уфрлија Дезмонд Бејн и Џарен Џексон јуниор.

Мајами славеа уште една лесна победа над Атланта. Во вторито меч Мајами победија со 115:105.

Рекорд во кариерата забележа Џими Батлер, постигна 45 поени. На спротивната страна се истакна Богдан Богдановиќ со 29 поени, 19 од нив во последната четвртина, кога Атланта минусот од 20 поени го намали на само три.

Scroll to Top