Top Sport

Брилијантна трета четвртина – МЗТ ја победи Цибона

Кошаркарите на МЗТ славеа над 87:74 (19:21, 22:32, 30:5, 16:16) во последното коло. Аеродроми сега чекаат пораз на Борац за да ги продолжат надежите за опстанок во АБА лигата.

Екипата на МЗТ одигра нестварна трета четвртина, во која ја обезбеди победата. МЗТ не можеше да и прарира на Цибона во првиот дел. Гостите од Загреб погодија седум тројки и на полувреме замина со предност од 12 поени.

МЗТ, предводен од Кефи, третиот дел го започна со серија 14:0, а до крајот на четвртината играчите на Драган Николиќ постигнаа уште 16, а примија само пет поени. Сите поени за Цибона во овој период ги постигна Аранитовиќ.

Во последната четвртина МЗТ без поголеми проблеми го сочуваа водството.

Кефи со 19 поени го предводеше МЗТ, а двоцифрени беа и Бурсаќ 17, Кук 15 и Војдан Сотјановски 14 поени.

Фото/АБА лига

Scroll to Top