Кошаркарите на Словенија ја остварија третата последователна победа во Групата Д на Евробаскетот. Словенците го победија Израел со 106:96.
Со победата Словенија се здоби со подобра позиција пред нокаут фазата со скор 3-2, но сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето.
Со победа, Израел ќе беше прв во групата, поразот ги однесе на четвртата позиција.
Натпреварот во Катовице, Полска, го обележа пресметката меѓу НБА ѕвездите, Лука Дончиќ и Дани Авдија, но суперѕвездата на ЛА Лејкерс покажа поголем квалитет.
Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и девет асистенции. Авдија на крајот имаше 34 поени, девет скока и две асистенции.
Кај Словенците се истакнаа Николиќ со 16, Радовиќ со 14, Омиќ со 11 и Хроват со 10.
Во таборот на Израел, Соркин додаде 14 поени, а Мадар 10 поени.
foto/ epa