Top Sport

Брилијантниот Дончиќ ја растури Италија

Словенија се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот откако ја победи Италија во осминафиналето со резултат 84:77.

Апсолутен херој на триумфот на Словенија е Лука Дончиќ. Суперѕвездата на Лејкерси одигра натпревар за паметење, постигна 42 поени (611 за три), со 10 скока . Кај Словенците двоцифрен беше уште само Клемен Препелиќ со 11 поени.

Дончиќ стана првиот кошаркар во последните 36 години кој постигнал 30 или повеќе поени во едно полувреме, по грчката легенда Никос Галис.

Лука Дончиќ е третиот играч во последните 30 години кој постигнал 40 или повеќе поени и 10 или повеќе скока на натпревар од Евробаскетот, по Дирк Новицки во 2001 година против Шпанија (43 поени, 15 скока) и Пау Гасол во 2015 година против Франција (40 поени, 11 скока).

Словенија победата ја најави со извонредната прва четвртина која ја доби со 29:11. Италија во финишот успеа да се доближи на само поен негатива, но Дончиќ го одби налетот.

Италија ја предводеа Симоне Фонтекио со 22 поени и пет скока, додека Нианг постигна двоцифрен број поени со 12 поени и шест скока – иако го напушти теренот на половина од четвртата четвртина поради пет лични грешки. Данило Галинари заврши со 10 поени, ова беше негов последен натпревар во дресот на репрезентацијата.

Во четвртфиналето, Словенија ќе игра против Германија, која беше убедливо подобра од Португалците во осминафиналето.

Scroll to Top