Капитенот на Басконија, грузискиот кошаркар, Торнике Шенгелија, во поразот на својот ти од Реал Мадрид 74:91 доживеа тешка повреда на коленото.
Контра-напад и обидот да го издрибла завршил лошо за крилниот играч. Шенгелија го повредил коленото, а се претпоставува дека се во прашање лигаментите, што значи дека му претстои повеќемесечна пауза.
Иако во болки, Шенгелија ги погодил двете слободни фрлања, а потоа го напуштил теренот. Претходно на овој меч се истакнал со брилијантно забивање.