Џа Морент и тешката повреда на Гери Пејтон Вториот, го обележа натпреварот во Мемфис, во кој Гризлис ги победија Голден стејт Вориорс со 106:101.
На почетокот на натпреварот Дилон Брукс го фаулираше Пејтон. Крилниот играч на Вориорс од тој непотребен дуел заврши со фрактура на лактот. Брукс беше исклучен, а тренерот на Вориорс, Стив Кер, урлаше додека тој го напушташе теренот: „Еб..о заминувај.“
По мечот Кер изјави.
„Не знам дали беше намерено, но сигурно е дека тоа беше гнасен потег. Плејоф кошарката се игра со многу контакти, но постојат правила кои играчите ги почитуваат. Никогаш не треба да ја загризиш кариерата на колегата, не треба да го удираш додека е тој во воздухот“, рекол Кер и дополнил.
„Тој се уби од работа за да успее во оваа лига. Конечно го најде својот дом, ова треба да му биде најдобриот период од животот. И…потоа дојде играч кој го удри по главата додека беше во воздухот“.
Пејтон Вториот е син на легендарниот играч на Сиетл, Гери Пејтон.