Натпреварувачкиот жар е нешто што сите спортски тренери го посакуваат од своите пулени, но понекогаш тоа може да се претера. Кеван Плет, кошаркарот на Фичбург стејт од американската колеџ лига (Трета дивизија) доби суспензија за бруталниот удар со лакт на противникот Нејт Тенаља од Николс колеџ бизонс.
Во втората третина од мечот, Тенаља постигна тројка, по што Плет откако провери дека судијата не гледа го прати на подот со ужасен удар.
Сепак, друг судија го забележа ударот и му даде техничка грешка и ги исфрли од земја. По инцидентот, Фичбург стејт се извинија за инцидентот и го суспендираа кошаркарот на неопределено време.
За среќа, Николс колеџ потврдија дека Тенаља не добил сериозна повреда и дека го завршил мечот.
WATCH: Former MCC student Kewan Platt has been suspended from Fitchburg State’s basketball team after he intentionally flattened an opponent with a vicious elbow Tuesday night. pic.twitter.com/MpeLau0i5u
— news10nbc (@news10nbc) November 15, 2018