Top Sport

Хамилтон ја навреди Индија нарекувајќи ја „толку сиромашно место“

Петкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон мораше да ги разјаснува своите постапки откако Индијците се најдоа навредени од неговиот коментар дека се работи за „многу сиромашно место“ и дека има „конфликтни чувства“ околу тркањето во земјата.

Хамилтон неодамна ги коментираше новите трки на Ф1 календарот, како Виетнамското ГП од 2020 година, но и за искуството за тркањето во Индија.

„Бев во Виетнам и претходно и таму е прекрасно. Исто така бев и во Индија пред трката и тоа беше чудно, бидејќи тоа е толку сиромашно место, а ја имаме таа голема ГП патека направена никаде. Имав многу конфликтни чувства за тркањето таму“, изјави Хамилтон.

По ова, голем број на Индијци се најдоа навредени од коментарите и неговите социјални мрежи беа преплавени со одговори кои го нарекуваа арогантен и неук, по што Британецот мораше да одговори преку Твитер.

„Забележав дека некои луѓе се навредени од моите коментари за Индија. Прво, Индија е една од најпрекрасните држави на светот со неверојатна култура. Сум ја посетил многу пати и секогаш убаво сум си поминувал. Меѓутоа, иако Индија е државата со најбргу растечка економија, исто така има многу сиромаштија. Сакав да се искажам дека беше чудно да се вози покрај бездомници, а потоа да се пристигне на големата спортска арена каде што парите не се проблем. Потрошија милиони на патека која не се користи, а тие пари можеа да бидат потрошени на училишта или домови“, објасни Хамилтон.

Scroll to Top