Тројца кошаркари: Никола Јокиќ, Леброн Џејмс и Ентони Едвардс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, Јокиќ имаше трипил дабл, а Џејмс и Едвардс постигнаа прреку 40 поени во победите на своите тимови..
Јокиќ со трип-дабл го предводеше Денвер до победата над Орландо со 112:90. Јокиќ запиша трипл-дабл
Јокиќ, не играше во последната четвртина, а го заврши натпреварот со трипл-дабл од 28 поени, 10 скока и 12 асистенции. Ова е негов 172. трипл-дабл во кариерата (се рачунаат и мечевите во плејофот), 24. оваа сезона. Портер придонесе со 30 поени. Картер против Орланд постигна 19 поени.
Лејкерси се уште го чекаат дебито на Лука Дончиќ, а додека чекаат бележат триумфи. Така беше синоќа, тие го совладаа Голден Стејт Вориорс со 120:112. Леброн Џејмс одигра брутален натпревар со 42 поени, 17 скока и осум асистенции, додека Кари постигна 37 поени за гостите, постигна шест тројки од 20 обиди.
Минесота на домашен терен го победи Хјустон со 127:114, предводена од Едвардс, кој постигна 41 поен како гостин.
Далас го изненади актуелниот шампион. Во Бостон Маверикс славеа со 127:10. Клеј Томпсон потсети на најдобрите денови, уфрли со 25 поени, Динвиди додаде 22 поени. Браун постигна 25 поени за Бостон.
Триумф против Сакраменто забележа и Портланд со 108:102 со 30 поени на одличниот Симонс.
Индијана на гости го совлада ЛА Клиперс со 199:112, а за победничкиот тим незапирлив беше Сијакам, кој постигна 33 поени и додаде 11 скока. Дабл-дабл кај Клиперси имаше Ивица Зубац со 18 поени и 15 скока.