Младиот кошаркар Џима Гетвеч имаше едно од најдобрите забивања воопшто видени на кошаркарски натпревар, исклучок се ревијалните средби и натпреварот во забивање на „Ол Стар“ викендот.
Гетвеч е средношколец, а својот неверојатен потенцијал го покажал на летната лига во Лас Вегас.
Забивањето што во неверување ја остави публиката, е речиси исто со она што пред две години на „Ол Стар’ викендот, во натпреварот во забивање го изведе ѕвездата на Орландо Меџик Ерик Гордон.
Инаку Гетвеч на кошаркарската јавност и е познат по своите атрактивни забивања, а многумина сметаат дека тој е најголемиот атлета меѓу средно школците во САД. На социјалните мрежи често можат да се пронајдат снимки од неговите експерименти.
Во Лас Вегас тој ги фрли во сенка младите и медиумски експонирани ѕвезди, меѓу кои е и синот на Леброн Џејмс.