Top Sport

Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс

Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.

Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.

Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.

Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.

Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.

По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.

Scroll to Top