Top Sport

Будуќност го доби трилерот во „Морача“ и е на победа до АБА трофејот (видео)

Будуќност стигна до драматична 78:77 победа над Црвена звезда во својата „Морача“ за да поведе со 2:1 во финалето на регионалната АБА-лига, односно да стигне на една победа од трофејот.

Гостите од Белград го имаа последниот напад, но прво Џејмс Фелдин утна од обид за тројка, пред Матијас Лесор да не успее да ја протне топката во обрачот, со што Будуќност добива шанси утре од 21 часот да ја запечати титулата со победа на домашен терен. Ако Звезда успее да победи, тогаш „мајсторката“ ќе се игра во понеделник во Белград.

Будуќност и Звезда беа израмнети во поголемиот дел од мечот, но на почетокот на последната четвртина, тимот на Џикиќ се одвои на +7, пред Звезда да го има неуспешниот обид за кам-бек.

Немања Гордиќ го предводеше домашниот тим со 17 поени и 5 асистенции, а Николиќ имаше 12, додека за Звезда Фелдин уфрли 19 поени, додека Омиќ „потфрли“ со 18 поени.

Scroll to Top