Top Sport

Будуќност ја намали предноста на Црвена звезда

Будуќност ја победи Црвена зведа со 75:71 и го намали резултатот во финалната серија, во АБА лигата на 1:2.

Во исклучително драматичен и неизвесен натпревар од првата до последната секунда, пресуди ролата на Мелвин Еџам во финишот на третиот период, кога постигна осум поени во низа и тројката на Амадео Дела Вале во последната минута.

Ниту едена од екипите немаше предност од седум поени, а клучни беа слободните фрлања. Будуќност изведоа 34 слободни, 20 повеќе од противниците.

Дела Вале ги предводеше победниците со 19 поени, по 11 постигнаа Ивановиќ и Николиќ, на спротивната страна Ноко забележа 10 поени и 14 скокови, Лојд уфрли 19, а Добриќ 17 поени.

Четвртиот натпревар од финалната серија ќе се одигра во понеделник во Подгорица.

Scroll to Top