Кошаркарите на Биудуќност, во реприза на финалето во АБА-лигата од минатата сезона, ја совладаа Црвена ѕвезда 89:81. Дуелот во „Александар Николиќ“ се одигра без присуство на публика, поради казната која Црвена ѕвезда ја доби за лошата организација на петтиот меч од финалната серија.
Будуќност со исклучок на почетокот на третиот период константно имаше предност. Кошаркарите на Будуќност имаа страшна шутерска вечер, од 21 обид погодија 12 тројки.
Будуќност ја предводеа Мартин со 17, Кобс со 16, Шеховиќ со 15 и Ивановиќ со 14 поени. На спротивната страна Гист забележа 27 поени и 6 скока но немаше поддршка од останатите соиграчи.