Top Sport

Бугарите ги „сотреа“ Французите! (видео)

Кошаркарската репрезентација на Бугарија направи вистинска сензација откако во квалификациите за Светското првенство со 74:68 ги совладаа фаворизираните Французи.

Бугарите имаа одличен старт на натпреварот и беа прецизни од сите позиции за на крајот на првата четвртина да имаат дури 11 поени предност (26:15). Французите се вратија во игра, и се доближија на 26:23, за да го преземат водството на почетокот на втората четвртина.

Меѓутоа, тимот на Винсен Коле не успеа да ја задржи предноста, и во финишот на натпреварот со одлична серија Бугарите дојдоа на 72:66 на две минути пред крајот. Ди Бост беше најефикасен за Бугарија со 17 поени, Димитар Димитров имаше 16, додека кај Французите, Никола Батум имаше 17 поени.

Scroll to Top