Top Sport

Италија првпат од 1959 поминува 12 месеци без победа

Првпат од далечната 1959 година, италијанската фудбалска репрезентација поминува една календарска година без конкурентна победа.

Последен триумф на „аѕурите“ во натпреварувачки меч беше 1:0 триумфот над Албанија во квалификациите за СП на 9 октомври 2017, а 9 октомври 2018 немаат закажано друг меч, така што годината е „обезбедена“ – две ремија и два порази, од кои најболниот од Шведска во баражот за пласман на СП во Русија.

Ако се вклучат пријателските мечеви, единствениот успех во 2018 за Италија беше 2:1 победата над Саудиска Арабија на 28 мај, во првиот меч на Роберто Манчини како селектор.

Последен пат ова се случи во 1958 и 1959 година – периодот во кој последен пат не успеаја да се квалификуваат на едно Светско првенство.

Фото: ЕПА

Scroll to Top