Демаркус Казинс „Буги“, центарот на Њу Орлеанс Пеликанс е тема во кошаркарските кругови преку Атлентикот. Во победата на неговиот тим по две продолженија над Чикаго 132:128 тој пружи историска партија.
„Буги“ за 51 минута на теренот постигна 44 поени, на кои им придодаде 24 скока, 10 асистенции, 4 украдени топки, една блокада и 5 загубени топки.
Центарот на Њу Орлеанс направи нешто што не е видено во НБА лигата 50 години. Во 1968 година легендарниот Вилт Чемберлен оствари „трипл дабл“ со повеќе од 40 поени и 20 скока.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Сакраменто Кингс 112:107
Атланта Хокс-Јута Џез 104:90
Хјустон Рокетс-Мајами Хит 99:90
Мемфис Гризлис-Филаделфија 105:101
Милвоки Бакс-Феникс Санс 109:105
Далас Маверикс-Вашингтон Визардс 98:75
Денвер Нагетс-Портланд Трејлблејзерс 104:101
ЛА Клиперс-Минесота Тимбервулвс 118:126