Top Sport

„Буги“ Казинс во Денвер Нагетс

Демаркус Казинс потпиша десет дневен договор со Денвер Нагетс. Некогаш најдобриот центар во НБА и поранешен Ол-стар, во Денвер ќе му биде резерва на Никола Јокиќ.

Нагетс мораа да бараат вакво решение, бидејќи актуелниот МВП нема вистинска замена, во ситуација кога тимот мака мачи со повредите.

Казинс во минатото имаше добра соработка со тренерот Мајк Мелон, во Сакраменто Кингс.

„Буги“ оваа сезона играше за Милвоки Бакс. За актуелните шампиони во просек бележеше по девет поени и 5,8 скокови.

Scroll to Top