Top Sport

Букер го „скрши“ Чикаго, Вориорс ја продолжија победничката серија

Најдобрите тимови во НБА лигата, Финикс Санс и Голден стејт Вориорс, забележаа нови победи. Финикс победија во Чикаго, а Вориорс во Оклахома.

Финикс, предводени од Девин Букер, победија во Чикаго 127:124. Лидерите во лигата (43-10), имаа предност од 18 поени во првото полувреме, Чикаго успеаја да се вратат во мечот но не и да направат пресврт.

Букер постигна 38 поени за 38 минути на паркетот, го следеше ветеранот Крис Пол со 19 поени и 11 асистенции. Кај Чикаго се истакна тандемот Демар Дерозан и Зек Лавин со 38, односно 32 поени.

Голден стејт рутински славеа во Оклахома 110:98. Клеј Томпсон постигна 21 поени, Стеф Кари забележа 18 поеним девет скока и 10 асистенции. Кај Оклахома се истакна Лугенц Дорт со 26 поени. Вориорс се во серија од девет победи.

Резултати:
Шарлот-Торонто 101:106
Вашингтон-Мајами
Јута-Њујорк 113:104

Scroll to Top