Top Sport

Букер со фантастични 58 поени за голема побеа на Санс

Девин Букер имаше фантастична партија, постигнувајќи 58 поени за 43 минути во игра, за да ги преводи Финикс санс до камбек и 118:114 победа над Њу Орлеанс пеликанс.

На 7:14 пред крајот на третата четвртина, Пеликанс поведоа со 83:59 и беа на добар пат да стигнат до третата победа над Санс во последните три дена, но Санси не се откажаа и му дадоа шанса на Букер да блесне. Тој имаше 25 поени во низа за Санс во третата и четвртата четвртина – ги постигна првите 13 поени во последната четвртина за да ги доближи Санс на само еден поен разлика. По ова, тие дојдоа во водство со ројката на Крис Пол и останаа во водство до крајот на мечот.

„Само шутирав, човеку! Бев поставен во вистинска ситуација во вистинско време и затоа победивме“, вели Букер.

Ова е петти пат во кариерата Букер да постигне над 50 поени на еден меч и со 26 години и 48 дена, тој е најмладиот кошаркар во историјата со пет вакви остварувања и прв по Коби Брајант.

НБА РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс – Вашингтон 102:93
Сан Антонио – Мајами 101:111
Кливленд – Далас 100:99 ОТ
Хјустон – Портланд 95:107
Милвоки – Јута 123:97
Оклахома Сити – Мемфис 115:109
Финикс – Њу Орлеанс 118:114

Scroll to Top