Top Sport

Цедевита Олимпија во 10-дневен карантин, три меча ќе загубат службено?!

Сериозни последици за кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија би можела да има одлуката цел клуб да биде во карантин.

Владата на Словенија наложила комплетниот кошаркарски тим 10 дена да биде во изолација, па извесно е дека ќе го пропуштат наредниот меч против Бурсаспор. Тој меч би бил регистриран службено со 20:0 за противникот, рече и директорот на клубот, Давор Ужбинец.

„Лошата вест е што најверојатно нема да играме меч од Еврокупот, а тој меч ќе е регистриран со службен резултат. Имаме доволно играчи за да го одиграме тој меч, но поради прописите тоа нема да е можно“ рече тој.
Се поставува прашањето дали играчите на Цедевита Олимпија ќе бидат подготвени и за мечот од АБА лигата наредниот викенд против Приморска, но неизвесен е и мечот против Гран Канарија во Еврокупот кој се игра за 7 дена.

Scroll to Top