Top Sport

Анчелоти го натерал Калверт-Луин да гледа Јутјуб видеа со Пипо Инзаги

Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин открива дека го „студирал“ поранешниот италијански напаѓач Филипо Инзаги, откако неговиот тренер Карло Анчелоти ја споредил неговата игра со таа на Инзаги и му советувал да гледа Јутјуб видеа.

23-годишниот Калверт-Луин има постигнато неверојатни девет гола во шест меча оваа сезона, вклучувајќи два хет-трика и е најдобар стрелец во Премиер лигата засега заедно со Сон Хеунг-Мин од Тотенхем, по што заслужено доби прв повик од англискиот селектор Герет Саутгејт.

„Анчелоти прво мене ми кажа дека му наликувам на Инзаги, а потоа излезе во јавноста, така што најдов Јутјуб видео од 15 минути негови голови, кои се фантастични – честопати само со еден допир и со одлично движење. Можам многу да научам од него, а Карло имаше фантастично влијание на мене. Мислам дека тој мислеше на тоа дека сум на вистинско место во вистинско време, а не дека сум копија на Пипо“, вели Калверт-Луин.

Scroll to Top