Во Љубљана е претставен новиот кошаркарски клуб, КК Цедевита Олимпија, кој ќе игра во словенечката престолнина и претставува спојување на хрватскиот клуб Цедевита и љубљанска Олимпија.
„Сè се прави за публиката, а во Љубљана имаме фантастични услови. ’Стожице’ се кошаркарски храм на Европа и постои голем интерес бидејќи Словенија е актуелен европски шампион. Спојувањето на двата клуба е возбудливо за нас, а смешно е што не обвинуваат дека ги предадовме националните интереси. Не броиме крвни зрнца, туку не интересира забава, веселба, победа“, изјави сопственикот на Цедевита, Емил Тедески.
Цедевита ќе остане со клуб во Хрватска под името КК Цедевита Јуниор и ќе биде погон за млади кошаркари со надеж дека ќе влезат во првенството на оваа земја. КК Цедевита Олимпија пак, следната сезона ќе се натпреварува во АБА-лигата и во Еврокупот на ФИБА.
Predstavitev novega imena in logotipa CEDEVITA OLIMPIJA LJUBLJANA @petrol_olimpija @KKCedevita #cedevitaolimpija pic.twitter.com/AvXapFzA68
— Šport TV Slovenija (@SportTVSlovenia) June 4, 2019