Top Sport

Цедевита во преговори со Сито Алонсо

Раководството на кошаркарскиот клуб Цедевита, за наредната сезона, планира да донесе врвен тренер, со кого клубот ќе ја нападне титулата во АБА лигата.

Актуелниот тренер на Цедевита, Јуре Здовц, ќе ја напушти Цедевита по завршувањето на финалната серија во хрватскиот плеј-оф, а како што објавија шпанските медиуми, клупските челници започнале преговори со Сито Алонсо.

Алонсо (42) сезоната ја започна во Барселона, но поради лошите резултати, на почетокот на оваа година доби отказ.

Во кариерата овој тренер работел во Хувентуд, Сан Себастијан, Билбао и Басконија.

Scroll to Top