Top Sport

Вориорс без Игудала ќе го започнат големото финале

Голден стејт Вориорс објавија дека Андре Игудала ќе ја пропушти првиот натпревар од финалната серија против Кливенд Кавалирс.

Вориорс без Игудала останаа во третиот меч од финалата серија во Западната конференција. Бекот на актуелниот шампион се здоби со повреда на левата нога. Голден стејт и без Игудала успеаја да ја добијат серијата против Хјустон со 4-3.

„Евалуацијата покажува дека Игудала напредува. Меѓутоа болката се уште е присутна, како и воспалението на нервот околу десното колено“, се наведува во клупското соопштение.

Игудала, во 2015 година кога Вориорс ја освоија својата прва шампионска титула, беше прогласен за МВП на финалната серија. Тогаш покрај ефикасната игра во нападот, во одбраната успеа да го задржи најдобриот играч на Кливленд, Леброн Џејмс.

Финалната серија помеѓу Вориорс и Кавалирс ќе започне в петок, во три часот по средно-европско време.

Scroll to Top