Нешто повеќе од еден месец или десет натпревари траеше амбициозниот проект на кошаркарскиот клуб Цедевита. По шестиот пораз од стартот на новата сезона, против Локомотив Кубањ во Еврокупот, клубот му врачи отказ на тренерот Сито Алонсо.
Шпанецот во Цедевита дојде со амбициозен план, донесе 11 нови играчи, со цел клуб от да ја освои АБА лигата, со што би изборил пласман во Евролигата.
Проектот пропадна откако вчера од клубот замина неговиот творец, долгогодишниот генерален менаџер, Матеј Мамиќ.
Во клупското соопштение не се наведува дека двете страни се договориле спогодбено да ја раскинат соработката, што значи дека Цедевита ќе мора да му исплати во целост двегодишниот договор на Алонсо, односно ќе мора да му плати 500.000 евра.
По заминувањето екипата ќе ја предводи тренерот на вториот тим, Славен Римац, додека Мамиќ на функцијата спортски директор ќе го наследи поранешниот тренер на клубот, Вељко Мршиќ.
Откако заминаа спортскиот директор и тренерот се очекува деновиве отказ да добијат двајца кошаркари, Пабло Агилар и Џош Мегет, а клубот ќе го врати Џејсон Пулен, кој пред три сезони го носеше дресот на Цедевита.
Цедевита во досегашниот тек од сезоната има една победа и три порази во АБА лигата и две победи и исто толку порази во Еврокупот.