Top Sport

Целосно затворање и приватизација на Евролигата од 2023 година

Евролигата ги презема првите чекори, да го затвори ова натпреварување во целост, почнувајќи од сезоната 2023/24, пишува „Мундо Депортиво“. Каталонскиот медиум потенцира дека овој потег ќе предизвика голема реакција во кошаркарскиот свет и се прашува каква ќе биде реакцијата на Европската унија и Европската комисија. Еу и ЕК, изминатите недели се критички насторени кон фудбалскиот проект, Суперлига.

Планот на Евролигата е сезоната 2023/2024 да ја започнат клубови кои ќе имаат постојана лиценца и дека нема да има дополнителни квалификации. Идејата на Евролигата е целосно да го укине Еврокупот.

„Мундо Депортиво“, пишува дека планот на Евролигата и нејзиниот претседател, Џорди Бартомеу, е натпреварувањето во целост да наликува на НБА лигата. Нови клубови во лигата би можеле да влезат само доколку треба да заменат некој од учесниците или во случај некој од оние кои се во лигата да се соочи со сериозни финансиски проблеми.

Досега 11 клубови имаат сигурно место во Евролигата: Реал, Барселона, Басконија, Анадолу Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Панатинаикос, Милано, Жалгирис, ЦСКА Москва и Макаби Тел Авив.

Од наредната сезона на оваа листа ќе влезат Баерн Минхен и АСВЕЛ, а блиску да добие постојана лиценца е и Алба Берлин.

Scroll to Top