Кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис вели дека неговиот стил на игра допринесол за да се изгубат класичните позиции во кошарката. Летонецот кој е висок 221 сантиметар спаѓа во редот на нетипични „петки“.
„Играта се отвора, веќе нема конкретни позиции и мислам дека допринесов за тоа. Не ми е битно дали ќе играм центар, крилен центар или ниско крило. Можеби ќе заиграм и како плејмејкер. Тренерот знае дека можам да бидам опасен за противникот каде и да ме стави“ – вели 24-годишниот кошаркар.
Во тој прилог говори и тренерот на „телињата“.
„Порзнгис е фантастичен. Во нападот ја промени позицијата центар во потполност. Имаме толку висок играч што шутира, додава, дрибла, со фантастично чувство за игра. Да сум млад центар, би сакал да имам такви способности“ вели Рик Карлајл.
Порзингис пред прекинт на сезоната просечно имаше по 26 поени и 10 скока на меч.