Top Sport

Чачо се врати во Реал

Серхио Чачо Родригез, по шест години се врати во Реал Мадрид. Шпанскиот ас кој има 36 години потпиша едногодишен договор со кралскиот клуб. Родригез повторно ќе игра со Серхио Љуљо и Руди Фернандез. Овие тројца на Реал му ја донесоа титулата во Евролигата во 2015 година.

Родригез го напушти Реал во 2016 година, замина во Филаделфија, а по една година се врати во Европа, односно во ЦСКА од Москва каде играше до 2019. Последните три сезони ги помина во Олимпија Милано.

Се очекува Реал наскоро да ја засили надворешната линија, а како главни имиња се споменуваат Босанецот Џанан Муса и Хрватот Марио Хезоња.

Scroll to Top