Турскиот кошаркар, роден во Охрид, Чеди Осман ќе потпише договор со Панатинаикос, објави претседателот на клубот Димитрис Јанакопулос.
Јанакопулос во негов стил на својот профил на Инстаграм ја објави оваа „нуклеарна бомба“ на кошаркарскиот пазар.
Осман се враќа во Европа откако ја мина сезоната во Сан Антонио Спарс, а претходно шест години играше за Кливленд Кавалирс.
Во претходниот европски мандат играше за Анадолу Ефес, но не соработуваше со сегашниот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, кој го презеде тимот од Истанбул кога Осман замина во НБА во 2017 година.
Осман е третото засилување за Панатинаикос во пресрет на новата сезона. Во клубот пред него пристигнаа Лоренцо Браун и Омер Јуртсевен.
Со овие три засилувања актуелниот освојувач на Евролигата, јасно ја истакна кандидатурата за нова титула.