Top Sport

Четри порази во низа, шампионите се во криза, Балканците одлични (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 13 натпревари. Лајт мотив е поразот на Голден стејт Вориорс од Оклахома Тандер 95:123. Индивидуално се истакнаа Џејмс Харден од Хјустон и Леброн Џејмс од ЛА Лејкерс.

Актуелните шампиони во НБА лигата, Голде стејт Вориорс се во длабока криза. Без Стеф Кари и Дрејмонд Грин, Вориорс не можат да победат никого. Измината ноќ го доживеаја четвртиот пораз во низа, вкупни седми во сезоната.

Оклахома Тандер, во Оукленд, им одржа час по кошарка на Вориорс. Расел Вестбрук забележа трипл-дабл (11 поени и асистенции и 13 скока). Најефикасен кај Тандер, со 25 поени, беше Пол Џорџ.

Кај Вориорс по 27 поени постигнаа Кевин Дурент и Клеј Томпсон. Дурент имаше и 14 скока.

Хјустон и Детроит Пистонс одиграа драматичен меч, кој му припадна на домашниот тим 126:124. Џејмс Харден постигна 43 поени, на кои придодаде седум скока и девет асистенции. Дабл-дабл забележа Клинт Капела (27 поени, 15 скока). Пистонс ги предводеше Блек Грифин со 37 поени и 11 скока.

Леброн Џејмс се врати во својот Кливленд, а Лејкерс победија 109:105. „Кралот Џејмс“ против својот поранешен тим забележа 32 поени, 14 скока и седум асистенции. Кошаркарот роден во Охрид, Џеди Осман, со 21 поен го предводеше Кливленд.

За издвојување е и убедливата победа на Милвоки Бакс над Портланд Трејлблејзерс 143:100. Јанис Адетокумбо забележа 33 поени, 16 скока, девет асистенции и три украдени топки. Јусуф Нуркиќ кај Портланд уфрли 16 поени.

Добри партии пружија и останатите од Балканот. Лука Дончиќ постигна 21 поен во победата на Далас над Бруклин Нетс 119:113, српскиот двоец Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ постигнаа по 18 поени во победата на Сакраменто Кингс кај Јута Џез 119:110, а Хрватот Бојан Богдановиќ постигна 20 кошеви за Индијана Пејсерс во поразот од Шарлот Хорнетс 127:109. Никола Јокиќ со седум поени, 12 скока, 10 асистенции партиципираше во победата на Денвер Нагетс над Минесота Тимбервулвс 103:101. Дари Шариќ за Минесота постигна 13 поени.

Scroll to Top